Поврзи се со нас

Македонија

Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка

Објавено

на

    Јавниот повик за бојкот на маркетите утре (петок) го поддржаа организации, политички партии, функционери. Од Организацијата на потрошувачи на Македонија, кои исто така дадоа поддршка предлагаат Владата да преземе подолгорочни мерки за да се заштити стандардот на граѓаните.

    – Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните со цел да се поттикне бизнис секторот да ги намали цените на производите, особено на прехранбените производи бидејќи тие се навистина поскапени, изјави претседателка на ОПМ, Мирјана Лончар во изјава за МИА.

    По информациите од медиумите изнесени на прес-конференцијата во Владата во вторникот дека има трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики, премиерот Христијан Мицкоски најави контроли во тие трговски ланци.

    – Според информациите со кои располагаме, имаме отприлика околу 20 000 коминтенти по ланец суперакети и ќе треба длабоко да се навлезе за да видиме дали постојат вакви индиции. Но, истовремено и други трговски објекти ќе подлежат на ваков тип контроли зашто стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме се како Влада за да го заштитиме, изјави вчера Мицкоски.

    И  министерот за економија и труд Бесар Дурмиши застана со поддршка на иницијативата за бојкот посочувајќи дека тоа е граѓанско право на потрошувачите и дека тие имаат право сами да одлучуваат како и каде ќе ги трошат парите. Државниот пазарен инспекторат, како што напиша на Фејсбук, е на терен и доколку се утврди неоправдан енормен раст на цените и нарушување на пазарната логика, ќе бидат искористи сите механизми што се на располагање и ќе бидат донесени одлуки и мерки со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

    – Ги поддржуваме граѓаните во бојкотот пред се на маркетите кои изминативе години енормно ги зголемуваат цените на производите без никаква економска логика. Ние како Министерство за економија и труд носевме мерки за заштита на стандардот на граѓаните со замрзнување на маржата на основните прехранбени производи со цел да не дојде до енормно зголемување на цените каде што нема основа за истото и во таа насока ги поздравуваме ваквите иницијативи и граѓани со вакви активности. Изминативе години претходната влада ги толерирала трговците, кои за дополнителен профит преку нереалните зголемувања на цените дополнително се богателе на грбот на граѓаните. Ова однесување мора да запре, напиша Дурмиши.

    Поддршка за бојкотот дадоа и двете најголеми македонски партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ја поддржуваат иницијативата за бојкот на маркетите и најавија дека институциите ќе ги истражат сите злоупотреби, додека од опозициската СДСМ оценија дека инцијативата за бојкот на маркетите се прелеала и во државава бидејќи Владата не успеала да ги заштити граѓаните од високите цени на основните прехранбени производи.

    И Партијата на пензионери вчера излезе со соопштение во кое ги повика своите членови да дадат поддршка на најавената акција за бојкот.

    – Пензионерите како една од економски најзагрозените категории во општеството, длабоко е засегната од вкоренетата пракса на огромен број на трговци и трговски ланци за манипулација и изигрување на Законот за нефер трговски практики, што дефинитивно претставува акт за најостра осуда. Затоа Партијата на пензионери во целост ја поддржува иницијативата и ги повикува своите членови, сите пензионери и граѓани да го покажат својот став со конкретна акција за бојкот на сите оние кои на грбот на сите нас остваруваат енормни, нефер и неетички финансиски профити. Во исто време, Партијата на пензионери бара и ја поддржува Владата во преземања на крајни и ефикасни мерки за конечно и долгорочно решавање на оваа константна пракса на трговците во земјата, велат оттаму.

    Податоците на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за околу 400 денари во однос на декември, а во делот на храната и пијалоците има зголемување за 123 денари.

    Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти. Вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемвање од 10,63 проценти.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена