Гостивар
Повисоки плати за вработените во Општина Гостивар и јавните претпријатија

Ќе се покачат платите на вработените во општинската администрација на Гостивар, како и на работниците во гостиварските јавни претпријатија. Синдикатите и општината најдоа заеднички јазик платите да пораснат за 2.806 денари, а зголемувањето најверојатно ќе се реализира од август, откако претходно ќе бидат извршени формалните процедури.
Договорот беше постигнат на денешната средба меѓу претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски и градоначалникот Арбен Таравари.
„Пред година и половина имавме состанок со ССМ и потпишавме колективниот договор. Пред неколку дена побараа средба за склучување анекс за покачување на платите. Начелно се согласувам дека на сите вработени во општината и претпријатијата треба да им се покачат платите, затоа што сите цени се зголемени, на електричната енергија, нафтените деривати и на сите продукти. Мислам дека ова ќе биде добредојдено за сите вработени, останува само деталите да се синхронизираат и идната недела официјално да го потпишеме анексот, со што се надевам зголемувањето да почне да се спроведува од 1 август“, изјави Таравари.
Димовски изрази задоволство од постигнатиот договор и повика и останатите општини да го направат истото.
„На општо задоволство на сите работници во општината Гостивар и јавните претпријатија, се зголемуваат платите линеарно, онака како што е потребно и солидарно. Благодарност до градоначалникот Таравари кој покажа дека води една општествено одговорна општина што се згрижи за работниците. Апелирам до сите градоначалници да го следат овој пример и да излезат во пресрет на нашите работници во оваа криза. На ниво на централна власт уште се бориме, очекуваме до 1 јули во пресрет да ни излезат и останатите кои раководат со оваа држава. Доколу тоа не се случи имаме право да побараме оставка или во најблага форма разрешување на оние што не се способено да го спроведат ова, а ни ветија согласно ребелансот на буџетот“, рече претседателот на ССМ.
Гостиварската општина брои околу 160-170 административци, од кои околу 125 се со решенија за работа, а останатите со договори на дело.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја