Поврзи се со нас

Гостивар

Повисоки плати за вработените во Општина Гостивар и јавните претпријатија

Објавено

на

Ќе се покачат платите на вработените во општинската администрација на Гостивар, како и на работниците во гостиварските јавни претпријатија. Синдикатите и општината најдоа заеднички јазик платите да пораснат за 2.806 денари, а зголемувањето најверојатно ќе се реализира од август, откако претходно ќе бидат извршени формалните процедури.

Договорот беше постигнат на денешната средба меѓу претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски и градоначалникот Арбен Таравари.

„Пред година и половина имавме состанок со ССМ  и потпишавме колективниот договор. Пред неколку дена побараа средба за склучување анекс за покачување на платите. Начелно се согласувам дека на сите вработени во општината и претпријатијата треба да им се покачат платите, затоа што сите цени се зголемени, на електричната енергија, нафтените деривати и на сите продукти. Мислам дека ова ќе биде добредојдено за сите вработени, останува само деталите да се синхронизираат и идната недела официјално да го потпишеме анексот, со што се надевам зголемувањето да почне да се спроведува од 1 август“, изјави Таравари.

Димовски изрази задоволство од постигнатиот договор и повика и останатите општини да го направат истото.

„На општо задоволство на сите работници во општината Гостивар и јавните претпријатија, се зголемуваат платите линеарно, онака како што е потребно и солидарно. Благодарност до градоначалникот Таравари кој покажа дека води една општествено одговорна општина што се згрижи за работниците. Апелирам до сите градоначалници да го следат овој пример и да излезат во пресрет на нашите работници во оваа криза. На ниво на централна власт уште се бориме, очекуваме до 1 јули во пресрет да ни излезат и останатите кои раководат со оваа држава. Доколу тоа не се случи имаме право да побараме оставка или во најблага форма разрешување на оние што не се способено да го спроведат ова, а ни ветија согласно ребелансот на буџетот“, рече претседателот на ССМ.

Гостиварската општина брои околу 160-170 административци, од кои околу 125 се со решенија за работа, а останатите со договори на дело.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена