Поврзи се со нас

Македонија

Поврат на 15% од ДДВ кај граѓаните: Ќе важи за фискални од јули, исплатите ќе се вршат од декември

Објавено

на

Започнува проектот за поврат на 15% од ДДВ, најавија денес на заедничка прес конференција, премиерот Зоран Заев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Скенирањето на фискалните сметки ќе се врши преку посебна апликација за мобилни телефони, која ќе важи за фискалните издадени од 1 јули. Според најавите, првата исплата на парите ќе се реализира во декември. Натаму, исплатата ќе се врши на секои три месеци.

„ Апликацијата „Мој ДДВ“ скенира само бар-кодови на валидни сметки, незаконските нема да ги препознае.  Затоа веруваме дека граѓаните ќе станат партнери во борбата против сивата економија. Постарите ќе може да побараат да бидат регистрирани од нивните најблиски помладите роднини.  Апликацијата е направена така што ќе има и извештај да може да се види колку пари ќе му бидат вратени, на пример во декември при првата исплата“, изјави  Лукаревска, нагласувајќи дека апликацијата е едноставна за користење.

Министерот Тевдовски објасни дека четиричлено семејство годишно ќе може да добие најмногу 28.800 денари, а највисоката сума на скенирана фискална сметка може да изнесува 30 илјади денари. За да им бидат исплатени пари, граѓаните мора да имаат трансакциска сметка.

„ Апликацијата ќе важи за сите лица над 15 години, со валидна лична карта или пасош, кои треба да бидат регистрирани во електронскиот систем на УЈП за физички лица. Скенирањето треба да се направи најмногу во рок од 10 дена од издавањето на сметката. Годишно, четиричлено домаќинство ќе може да добие најмногу 28.800 денари. Мерката важи само за граѓани, а не за претпријатија кои работат со фактури и сметкопотврди“, изјави Тевдовски.

Премиерот Заев истакна дека оваа мерка значително ќе помогне во борбата против сивата економија.

„Кога не добиваат граѓаните фискални, има голем процент на можност, тоа ДДВ да не се уплаќа во државниот буџет. Ако прометот на мало се легализира целосно и законски со фискална сметка , тој што набавува од трговецот на големо, ќе бара да регулира со фактура за да може да го покрие тоа со фискална сметка . Трговецот пак на големо, од производителот повеќе нема да бара дел на фактура дел на црно, ќе мора се` да биде легално.“, изјави Заев, кој рече дека за делот на два проценти најбогати ќе има ограничувања .

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 6 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 8 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 9 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 10 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 11 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 12 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 13 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена