Вести
Повредена гостиварка во несреќа на улица „Беличица“

Регистрирана е нова сообраќајна несреќа во Гостивар со повреден пешак. Се случила попладнево на ул„Беличица“ во близина на објектот на Трудова медицина. Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во несреќата учесвувале товарно возило „Мерцедес“ со гостиварска регистрација што го управувало 61 годишно лице од Гостивар и 69 годишна гостиварка која се движела како пешак.
Во несреќата жената се здобила со скршеница на ногата и други телесни повреди. Била пренесена во гостиварската болница каде лекарите и укажале медицинска помош, по што е пуштена на домашно лекување.
Полицијата соопштува дека е извршен увид и се утврдуваат причините за несреќата. Со оглед на зачестените сообраќајки со учесници пешаци, надлежните повторно апелираат на внимателност и почитување на правилата за да се избегнат несакани последици.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!