Поврзи се со нас

Вести

Повторно кампување пред Собрание за поддршка на лицата со посебни потреби

Објавено

на

Граѓанската иницијатива за изедначување на правата на лицата со посебни потреби „5 до 12“, од утре (вторник, 20-ти јуни) повторно ќе кампува во паркот Жена борец во Скопје, спроти Собранието на Р.Македонија. Како што велат организаторите, целта е лицата со попреченост, хендикеп или посебни потреби да останат во фокусот на јавноста, и да се наметнат приоритети на Собранието и Владата.
Во рамки на тридневниот камп ќе се оддржуваат консултации во врска со барањата, дополнувања на барањата, одредување на приоритети, усвојување на стратегија и програмски активности, подготовка и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу здруженијата поддржувачи на иницијативата. Предвидени се и работилници, спортски активности и друштвени игри.

„Повелете на игра, забава и консултации во врска со законските и подзаконските акти, заедно да ја дадеме поддршката за изедначување на правата на лицата со попреченост, хендикеп или посебни потреби“, стои во повикот на организаторите.

Ова ќе биде трето кампување по ред на „5 до 12“ . Претходно тие ги собраа потребните потписи за поддршка на иницијативата за промена на повеќе закони и подзаконски акти, со кои треба да им се олесни животот на лицата со посебни потреби. Едно од поважните барања е да се избрише старосната граница од 26 години во законите за здравствено осигурување и социјална заштита, со која овие лица се дискриминирани, односно по навршување на 26 години немаат право на бесплатни лекови и на посебен паричен додаток.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Маќеа пријавена за малтретирање на својата малолетна поќерка

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена