Вести
Повторно казнети превозници – Ќе се стави ли ред во јавниот превоз на патници во Гостивар?
Во последната акциска контрола за техничка исправност на автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници во гостиварско, казнети биле шест возачи.
Според податоците од полицијата, со контролата вкупно биле опфатени триесетина возила, претежно автобуси и комбиња кои сообраќаат од и кон околните села во чегранскиот и неготинскиот регион. Од нив, четири биле со неисправни сопирачки, едно со истечена регистрација и едно со неизвршен технички преглед.
На шестемина возачи-прекршители изготвени им биле прекршочни платни налози, додека пет возила веднаш биле исклучени од сообраќај и согласно Законот за возила, ќе им следуваат глоби од 120 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од видот и карактерот на констатираните недостатоци.
Акција имало и во тетовско каде биле опфатени 50-те возила, од кои шест биле исклучени од сообраќај поради техничка неисправност на сопирачките.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград