Поврзи се со нас

Македонија

Повторно нема терапија на онкологија за дел од пациентите со рак

Објавено

на

    Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и за меланом и карцином на бели дробови, реагираат од Здружението Хема – Онко.

    Ана Марјановиќ од Здружението Хема – Онко истакна дека тендерските процедури за годишната набавка и административните кочења се причина што тешко болните се оставени без терапијата која им е неопходна.

    -Тендерот беше многу касно објавен, не знам од кои причини е тоа. Ние од почетокот на февруари знаеме дека нема да има доволно терапија. Само се надевам дека откако е започната целата процедура дека ова нема да се оддолжи до после празниците и дека ќе успеат да го завршат до празниците и да не биде после 1 мај, што значи дека пациентите повеќе од месец и половина ќе бидат оставени без терапија, изјави Марјановиќ.

    Од Клиниката информираат дека процедурата за годишната набавка на терапија е во тек и кон крајот на наредната недела или веднаш после Велигден ќе се потпишеле договорите со добавувачите за да почнат да ги носат лековите кои недостигаат.

    – Постапката е завршена од страна на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија и моментално е на управна контрола во БЈН. По завршување на административните процедури ќе може да се потпишуваат договорите со добавувачите на лекови, информираат од здравствената установа.

    Во административен лавринт се заглавени и пациентите кои треба да земаат таблетарна терапија од аптеките со цел да се намали метежот од пациентите кои ја земаат овој вид на терпија од Клиниката за онкологија. Посочуваат дека иако буџетот за оваа година на оваа Клиника се зголемил за три милијарди денари, тие досега не виделе бенефит. Она што останува најголем проблем се долгите редови пациенти на клиниката пред се поради се уште невработен нов персонал.

    -Буџетот се зголеми, огромна благодарност што имаме поголем буџет за онколошките пациенти, меѓутоа сега за сега не чувствуваме ништо плус од тоа што ни го зголемија буџетот. Нови вработувања на Клиниката нема иако постојано апелираме дека таму има потреба од дополнителен персонал се уште не се вработуваат ниту ангажираните со договор на дело, незнам зошто се чека толку долго, вели Марјановиќ.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена