Гостивар
Повторно вандализам – Шеталиштето во Гостивар привремено ќе го обезбедува приватна агенција

Вандализамот на спортско-рекреативниот центар покрај Вардар во Гостивар се повторува, уништени се делови од патеки и реквизити.
Градоначалникот Арбен Таравари вели дека општина Гостивар привремено ангажира приватна фирма да ја обезбедува локацијата, затоа што полицијата не се заложила и не реагирала да ги најде сторителите и да ги спречи ваквите случаи. За во иднина планирана е постојана чуварска служба.
„За жал по трет-четврти пат истото се повторува. Не би сакал да помислам дека тоа се прави од одредени партиски штабови, не би сакал да помислам дека е во координација со полицијата. За редот и мирот во градот треба да биде надлежна полицијата, од нив не сме добиле никаков извештај за тоа кој е виновен за тоа што вака изгледа шеталиштето. Би ги повикал сите компетентни институции да проверат дали изведувачот згрешил или несовени граѓани се виновни. Преку комуналното претпријатие привремено ангажиравме агенција за обезбедување, додека се постават кабини и вработиме чувари. Во оваа држава не ви функционира здравството, одите во приватни болници, не функцинира полицијата ангажирате приватни агенции, и ние мораме така.“, изјави Таравари.
Општинското раководство вели дека штетите ќе се санираат, како и претходно кога имаше вакви случаи, и повика на поголема свест и чување на јавното добро.
Спортско рекреативниот центар во Гостивар се реализираше со проект од 250 илјади евра, од кои 50 илјади беа обезбедени од Швајцарските фондови, а 200.000 од буџетот на општината.
Центарот во должина од околу половина километар има специјална подлога за пешачење и трчање, вештачки карпи за качување, реквизити за деца со посебни потреби, како и патека за слепи лица.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар