Поврзи се со нас

Гостивар

Пожар на Русино разгоре и политички оган – изјави на Таравари и Бектеши

Објавено

на

фото: Фејсбук/Б.Дабеска

Најголемата еколошка мака на гостиварци, депонијата Русино деновиве повторно гори. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видео од депонијата на кои може да се забележи како гори отпад и се издигнува облак од чад. Пожарот на депонијата ја запали и политичката атмосфера. Градоначалникот Арбен Таравари изрази сомнеж дека огнот е подметнат со политички цели, за да се оцрни општинската власт во пресрет на локалните избори.

„Скоро една година ние таму имаме ангажирано приватна компанија за обезбедување, поставени се камери и во Русино кога беа највисоките температури немаше пожари. Не би сакал да помислам дека некој политички подметнува пожар, дека за политички поени го загадуваат воздухот и ги трујат своите сограѓани, само за да имаат некоја придобивка. Немаше пожар 5-6 месеци и сега одеднаш месец и пол пред избори, има пожари неколку дена. Не би сакал тоа да е некој партиски пироман. Ние ќе продолжиме да го превенираме секој пожар што ќе се појави, доколку забележиме некој на камера како пали, тоа ќе го пријавиме“, изјави Таравари.

Министерот Крешник Бектеши од редовите на ДУИ, искоментира дека таквата изјава на градоначалникот е обид да се сврте вниманието од проектите што централната власт ги спроведува во Гостивар.

„Во однос на изјавата на господинот Таравари дека можеби намерно се пали Русино, заради политички цели, јас би рекол дека не е така. Не знам зошто ја давал таа изјава, токму на денешниот ден, можеби за да го сврти вниманието од конкретни проекти кои ги реализира централната власт. Ние како за сите општини, така се грижиме и за Општина Гостивар иако не е раководена од страна на позицијата, а тоа го докажуваме преку конкретни проекти како што е случај и денес, кога вршиме увид на проект за фекален колектор вреден 130 милиони денари. И не само тоа, во Гостивар е обезбедена и  реконструкција на болницата, изградба на канализации, водоводи, патна инфраструктура. Граѓаните на Гостивар на 17 октомври ќе одлучат кој реализира проекти и работи за нивно добро“, рече Бектеши.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена