Вести
Пожар во центарот на Гостивар – изгоре кров на два дуќани
Синоќа околу 2 часот и 30 минути, избувнал пожар во објект во централното градско подрачје на Гостивар, на бул. „Браќа Ѓиноски“, близу раскрсницата кај „Аида“. Во пожарот изгорела кровната конструкција на еден од објектите, кадешто се наоѓаат два дуќани. Причинета е значителна материјална штета, додека повредени лица, за среќа нема.
„По пријавување на случајот кај нас, интервенирано е со три противпожарни возила и пет пожарникари. Со интервенцијата, огнот се локализира и се спречи проширување на останатите објекти. Треба да се има предвид дека се работи за дел од градот кадешто се постари објектите и се лепени еден до друг. Изгорена е кровната конструкција на објектот кадешто избувнал пожарот во кој се сместени два локали: продавница за чевли и за текстил“, изјави командирот на Противпожарната единица на Гостивар, Томе Василески.
Причината за пожарот најверојатно е стара електрична инсталација.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград