Македонија
Пожари на отворено има сѐ почесто, изминати 24 часа регистрирани 15

Петнаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во денешното соопштение, од нив активен се води само уште еден пожар на место викано Рамнин во атарот на кичевското село Цер.
„Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на село Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води се уште како активен. Од ЦУК се известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Од подружница „Лопушник“ на ден 20.06.2024 година има интервенирано екипа со пет вработени и месно население од село Цер но поради големата оддалеченост и исцрпеност екипата е повлечена по околу 17.00 часот. Денеска е планинарано да се интервенира со воздушна поддршка од страна на МВР“, се наведува во соопштението.
Регионалниот ЦУК Скопје информира дека имало четири пожари на отворено во Скопскиот регион. БППЗ на Град Скопје од 11.25 до 12.20 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 1000 м2 во атарот на с.Љуботен (Општина Бутел); од 14.15 до 15.00 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 60m2 во атарот на с.Јурумлери (Општина Гази Баба); од 14.30 до 16.00 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 3 000m2 во атарот на с.Дворце (Општина Сарај) и од 21.05 до 22.10 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалено стрниште и ѓубре на површина од 2 000m2 во с.Шишево (Општина Сарај).
РЦУК Битола информира дека ТППЕ Битола дека од 12.55 до 14.15 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Гермијан.
РЦУК Струмица известува за три пожари: пожарот на запалена ниска вегетација и прнар кај с.Марвинци (Општина Валандово) што од 19.06.2024 година беше локализиран и немаше активно горење, вчера екипи од ЈП МШП „Саланџак“ – Валандово, ДЗС, ТППЕ Валандово го локализираа и го контролираа за да не дојде до повторно активирање, по што е целосно ликвидиран. ТППЕ Струмица, од 11.56 до 13.25 часот, со две теренски возила и со двајца пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки во Добрашинци (Општина Василево) и од 14.20 до 17.15 часот, со две теренски возила и четворица пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и депонија во с.Штука.
РЦУК Штип известува за два пожара: ТППЕ Штип од 14.00 до 16.30 часот, интервенирале на запалена земјоделска површина (житни култури и еден комбајн) на површина од 40 хектари во атар на с.Батање (Општина Карбинци).ТППЕ Кочани имале една помала интервенција заради запалена градска депонија.
РЦУК Куманово известува за три пожари: ТППЕ Куманово од 20.05 до 20.50 со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалени прагови од пруги во Железничка станица; од 17.55 до 18.55 часот, со едно противпожарно возило и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Стари Лојза“. Исто така, во изминатото деноноиќие имале уше една помала интервенција.
РЦУК Тетово известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово од 17.10 до 18.00 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Требош.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог