Поврзи се со нас

Вести

Пожарникарите во Гостивар годинава гаснеле над 260 пожари

Објавено

на

Во текот на оваа година, Противпожарната единица во Гостивар интервенирала на 263 пожари. Една четвртина од нив, биле пожари од поголем обем и со повисок ризик. Споредено со претходните години, вкупната бројка на пожари во гостиварскиот регион е намалена.

-Сметаме дека тоа се должи на едукацијата на граѓаните и постојаните апели за внимателност. Се подигна свеста во однос на употреба на поквалитетни грејни тела, продолжни кабли и слично, вели командирот на Територијалната Противпожарна единица во Гостивар, Томе Василески.

Пожарникарите изминативе денови имале неколку интервенции на поголеми пожари на отворено. Иако тие не се карактеристични за зимскиот период од годината, сепак сувото време придонело за нивна појава и ширење.

Покрај овие, регистрирани се и повеќе пожари предизвикани од неисчистени оџаци како и од нестручно изведени надградби во колективни згради.

Во номеври и декември Противпожарната единица се ангажирала во гаснење на 30-тина пожари на објекти, на отворен простор, оџаци, трафостаници и возила.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена