Македонија
Пожарот во Тетово под контрола, се работи на целосно гаснење

Големиот пожар што ја зафати фабриката во Тетово попладнево е ставен под контрола, а екипи работат на целосно гаснење. Во Центарот за управување со кризи се одржа втора итна седница на групата за процена, на којашто претседаваше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, а беше донесен заклучок дека нема потреба од прогласување кризна состојба.
„Групата за процена ја разгледа состојбата и процени дека нема опасност од ширење на пожарот во Тетово и заклучи дека не се исполнети условите за прогласување на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Тетово.“, извести ЦУК.
Градоначаникот на Тетово Билал Касами во последната изјава рече дека според информациите од надлежните институции воздухот во градот не претставува опасност за граѓаните.
„По направените анализи, надлежните институции не информираа за квалитетот на воздухот, дека нема опасност за граѓаните и децата од нашиот град. Исто така, сакам да ве информирам дека образовниот процес утре ќе продолжи. Воедно, искрено се заблагодаруваме на Противпожарната единица на општина Тетово, општина Гостивар, Куманово, Кавадарци, и Доброволна единица од Чаир, кои дадоа помош како и на сите граѓани со добра волја кои дадоа извонреден придонес во локализирањето на пожарот.
Заедно, како што правевме досега, можеме да ги надминеме тешкотиите.“, рече Касами.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022