Магазин
Познат психолог советува: Не трчајте по среќа, креирајте задоволство!

Многумина од нас за цел во животот си ја поставуваат среќата. Познатиот психолог, писател и добитник на Нобелова награда, Даниел Канеман објаснува дека среќата и задоволството не се иста работа, и луѓето всушност треба да се стремат кон второто. Тој ја дефинира среќата како моментално бурно искуство кое се појавува одеднаш, но исто толку брзо и исчезнува. Задоволството пак, трае подолго затоа што се базира на исполнување на цели и постигнување на резултати.
Канеман тврди дека луѓето прават грешки, секојдневно трчајки по чувството на среќа, со што понекогаш го загрозуваат постигнувањето на долгорочното задоволство.
Во врска со финансиите, тој смета дека парите имаат значително влијание на задоволството, но влијаат на среќата само во случај кога ги нема. Сиромаштијата им создава маки на луѓето, но богатството не ја зголемува среќата, потенцира Канеман.
На пример, ако имате пари доволно за јадење, облека, кров над глава и други основни потреби, вие сте способни да бидете среќни исто колку и најбогатите луѓе на светот.
Психологот напоменува дека задоволството во животот зависи и од способноста да одговориме на предизвиците кои си ги поставуваме, а кои најмногу зависат од околината во која живееме. Доколку реално ги поставиме задачите и предизвиците пред нас и успееме да го оттргнеме влијанието на околината, тогаш има многу повеќе изгледи да креираме чувство на задоволство. Советот на Канеман во тој правец е секоја единка да се сврти кон себе, да погледне во себе, да дефинира што сака, што и е потребно само врз основа на сопственото мислење, а не под влијание на околината.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?