Поврзи се со нас

Гостиарски

Познати гостиварци: Ферид Мурад – Нобеловец

Објавено

на

Д-р Ферид Мурад, лекар, светски признат фармацевт, добитник на Нобелова награда е роден 1936 г. во Вајтинг, Индијана од татко Џабир Мурад Ејупи, родум од с. Лакавица, Гостивар, иселеник во САД и мајка Хенриета Џозефина Боумен, Американка.

Како млад имал ограничени финансиски средства, затоа паралелно со студиите работел и друго за да може да помага на семејството. Ги бирал училиштата каде имало можности за добивање стипендии. Волонтирал, стажирал со напорни дежурства и работел на лабораториски истражувања, кои биле негова најголема страст. Со оглед на извонредните академски постигнувања, имал можности да добива стипендии.

Медицински факултет завршил во Кливленд, Охајо, а на истиот универзитет ја добил и докторската титула во 1965 година. За целиот свој работен век бил извонредно активен, секогаш жеден за нови информации од областа на медицината, а пред се од областа на клиничката фармакологија. Долги години работел како универзитетски професор, автор е на бројни научни медицински трудови.

Во 1998 година заедно со уште двајца научници Роберт Фечгот и Луис Игнаро ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина за „откривањето на улогата на азотен оксид како сигнален молекул во регулирањето на кардиоваскуларниот систем.“ Покажал дека нитроглицеринот и сличните лекови дејствуваат како вазодилататори во формирањето на телото на азотен оксид НО, кои делуваат како сигнални молекули и имаат релаксирачки ефект врз крвните садови. Нитричкиот оксид ги проширува крвните садови и дејствува врз мозокот, срцето и другите органи. Тој се користи и кај предвремено родените бебиња, кај кои нивото на кислородот во крвта е помало.

Мурад во неколку наврати бил во посета на Македонија и гостиварскиот регион од кадешто се корените на неговото семејно стебло. По него е именувана Општата болница во Гостивар – Ферид Мурад.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена