Поврзи се со нас

Култура

Познати поетите кои се борат за наградите на „Литературни искри 2017“ во Гостивар

Објавено

на

 Во конкуренција на над седумдесет поети од Македонија и повеќе балкански земји, избрани се финалистите кои влегуваат во трка за наградите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2017“ во Гостивар.

 

Центарот за култура „АСНОМ“ , организатор на манифестацијата ги објави имињата на авторите кои ги придобија вниманието и бодовите на жирито: Симона Ристеска (Прилеп), Вања Изова Велева (Струмица), Лара Миховилович (Словенија), Кристина Мерклер (Гостивар), Ива Пуовиќ (Скопје), Марина Јовановиќ (Србија), Соња Шијаков (Штип), Цветанка Колева (Кавадарци), Фросина Тасевска (Штип), Томислав Захов (Стар Дојран), Ирена Јурчева (Скопје) и Билјана Дејаноска (Гостивар).

 

Овие автори се борат за фестивалските награди: Гран при, прва, втора и трета награда како и Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада искра. Наградите се состојат од плакети и книги.

Годинава песните пристигнати на конкурсот ги оценуваше жири комисијата во состав претседател: Вера Чорниј –Мешкова (поетеса, литературен критичар, член на ДПМ) и членовите: м-р Јанко Билбилоски (Советник во Биро за развој на образование, автор на книги) и м-р Луан Зенки (ликовен уметник, директор на НУЦК „АСНОМ“).

Дел од поетите кои учествуваа на конкурсот, според бодувањето на жирито, ќе бидат застапени во заедничка збирка, која ќе се промовира на манифестацијата. Четвртото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар ќе се одржи на 20-ти мај, со поетско читање на финалистите и соопштување на наградените.

Центарот за култура АСНОМ од Гостивар го организира поетскиот фестивал во чест на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители.

Медиумски покровител на овогодинешното издание на манифестацијата е gostivarpress.mk

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена