Гостивар
Познати се имињата на трагично загинатите во автобуската несреќа

На Институтот за судска медицина, по наредба на јавниот обвинител извршена е обдукцијата на 13 од починатите лица, додека за едно лице обдукцијата е во тек, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија, во врска со вчерашната страотна автобуска несреќа кај Карпалак. Увидот завршил во 13 часот и 15 минути. Надлежните известуваат дека интензивно се работи на утврдување на сите детали кои можат да ги откријат причините за несреќата.
Алсат М објави дека се познати имињата на сите 14 загинати во несреќата: Јовица Трпевски, Онур Садику, Павле Костоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Арсе Арсовски, Есат Емрули, Дејан Ристоски, Бобан Аврамоски, Бесим Фетаи, Ајдин Исмаили, Трпана Јаневска, Бејза Узеири и Зоран Давидоски.
„По приемот на овие докази, по доставување на обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, по испитување на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот, како и по обезбедувањето на целокупната релевантна документација, во зависност од утврдените факти, обвинителството ќе донесе јавнообвинителска одлука.“, наведува ЈОРМ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести