Спорт
Познати сите учесници фудбалската ЛШ, денес е ждрепката за групната фаза

Белгиски Антверпен, дански Копенхаген и холандски ПСВ се последните патници во групната фаза од фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа се одиграа завршните три плејоф реванш натпревари.
Антверпен триумфираше со 2-2 на гостувањето во Атина и со вкупни 3-1 го елиминираше АЕК, а Копенхаген ја задржа предноста од 1-0 од првиот натпревар во Полска, откако на домашен терен одигра 1-1 против Раков. Предноста на домашниот терен ја искористи ПСВ, кој по ремито 2-2 пред една недела во Шкотска, триумфираше над Глазгов Ренџерс со 5-1.
Пласман во групната фаза во елитното европско клупско натпреварување преку плејофот во вторникот обезбедија Брага, Галатасарај и Јанг Бојс. Денес на церемонијата во Монте Карло од 18:00 часот ќе бидат извлечени групите за Лигата на шампионите.
Преостанатите 26 екипи кои ќе се најдат во денешната жрепка во Нион за составот на групите се Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Њукасл, Атлетико Мадрид, Барселона, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Севиља, Баерн, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Унион Берлин, Интер, Лацио, Милан, Наполи, Ленс, ПСЖ, Бенфика, Порто, Феенорд, Салцбург, Селтик, Црвена ѕвезда и Шахтјор Доњецк.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос