Вести
Прашуваме: Со што КК Гостивар заслужи казна од 156 илјади денари?
Натпреварот КК Гостивар – Блокотехна кој се одигра на 31 март, заврши со победа на гостите до 70:80. Но резултатот и спортскиот успех од овој натпревар се во втор план. Судиските одлуки, реакцијата на тренерот Србиновски, негодувањето на публиката и ригорозните казни од КФМ изречени кон гостиварскиот клуб, ќе останат како сеќавање на овој натпревар.
Гостиварскиот клуб е казнет со 156 илјади денари и два меча суспензија на тренерот Србиновски. Парична казна каква не паметат спортските работници во Гостивар. Дали за судиската тројка е изречена било каква одлука немаме информација. КФМ е највисок орган во кошарката во Македонија и нивната одлука е последна, гостиварскиот клуб мора да се придржува кон правилата и да ја плати казната.
КФМ во тековното првенство скоро секое коло мора да се справува со несакани ситуации од спортските терени, да ги прегледува, анализира и чесно суди. На натпреварот Шкупи – Пелистер одигран 13 јануари 2018 физички беа нападнати гостинските кошаркари.
Натписи во медиуми:
“Кошаркар на Пелистер, двајца полицајци и спортски работник повредени од хулигани на спортски терен “
“Истепани кошаркари и полицајци на натпревар во Чаир”
КФМ изрече казни од 25.000 денари.
Во Градски парк, на 17 март се одигра најголемото кошаркарско дерби во државава Работнички – МЗТ Скопје. Исходот го знаеме, прекинат меч, испразнета сала, загрозени кошаркарите, голем срам за македонската кошарка.
Натписи во медиуми:
“Градското дерби Работнички-МЗТ не го дочека крајот”
“Лукајиќ: Ѓаѓаа со стаклено шише, тоа е надвор од здрав разум!”
“ДОКУЗОВСКИ: Се изгуби меракот…”
“Жална слика во „Градски парк“: Работнички и МЗТ играа само за новинари и редари!”
КФМ според должноста изрече казни и за овој натпревар, домаќинот Работнички е казнет со 135.000 денари. Гостинската екипа на МЗТ Скопје со 90.000 денари.
Останува прашањето со што КК Гостивар заслужи казна од 156 илјади денари? Ако за физички напад на гостински кошаркари казната е 25 илјади денари, а за прекин на најголемиот кошаркарски натпревар во Македонија, највисоката казна е 135 илјади денари.
Со соопштенија и изјави се огласија и управата на КК Гостивар и спонзорите на клубот кои негодуваат и остро реагираат на двојните аршини и арбитражата. КК Гостивар беше казнет и на натпреварот со МЗТ Скопје во Гостивар поради неспортско навивање.
И.А
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди