Гостивар
Пратеничката Стојаноска отвори локална канцеларија, но просториите се без струја

Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ од Гостивар, Дафина Стојаноска денес официјално отвори канцеларија за комуникација и средби со граѓаните. Сепак, функционирањето ќе биде тешко, затоа што просторијата како и останатите во објектот предвидени за пратеници нема електрична енергија.
„Официјално означуваме почеток на локалната пратеничка канцеларија на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар, во овој сегашен мандат. Им порачувам на сите мои сограѓани дека оваа канцеларија ќе биде отворена секој работен ден, по 5 часа. Ова е канцеларија на граѓаните, каде може да дојдат да се пожалат, пофалат, да прашаат и сето тоа што со нив ќе го разговарам ќе се обидам да го пренесам во Собранието и да побарам помош и одговор за секое нивно прашање. Би сакала да апелирам до локалната самоуправа да се изнајде решение за еден проблем што го има делот за пратенички канцеларии и на останатите колеги пратеници. Тоа е дека овие канцеларии се без струја. Се надевам дека ќе ни излезе во пресрет локалната самоуправа, затоа што знаете без струја има секако проблем за добро функционирање. Минатиот мандат беше навистина тешко за функционирање, и лете и зиме, особено на зима, тешко и да не речам неизводливо“, изјави Стојаноска.
Координацијата во пратеничката канцеларија, која се наоѓа до општинската зграда и подрачните министерски одделенија, ќе ја води асистент. Средба со граѓаните, Стојаноска ќе одржува еднаш или два пати неделно, зависно работните обврски во Собранието.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила