Поврзи се со нас

Македонија

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот

Објавено

на

Вкупно 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како гаранција кон народот, заверија на нотар изјави дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Устав, информираше лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

– Нема отстапување ниту милиметар од ова, нема чекор назад бидејќи зад нас е сè што имаме, нашето достоинство, чест, и нашата Македонија, порача Мицкоски.

Тој истакна дека секојдневните протести не беа негова борба или на ВМРО-ДПМНЕ, туку на народот.

– Сакам со особено чувство на гордост да му се заблагодарам на народот кој масовно и во огромен број излезе на улиците и со денови беше тврдина на непокор. И покрај сите напади, притисоци, излезе и не отстапи, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на денешните случувања во Собранието, Мицкоски ги опиша како срам за државата.

– Ова е комплетирање на вториот дел од предавството на Заев. Предавството ќе биде немирната совест со која мора да живее секој пратеник и член на Владата што го поддржаа овој предлог. Ќе помине се и за неколку години повторно ќе треба да го погледнат народот во очи на улица. Фокусот им е на гола борба за фотелја. Не заборавија да крадат, тендери, анекси, ама народот и Колицијата на ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги потсети за предавството, и ударот кон државата, истакна тој.

Мицкоски порача дека избори мора да има, а ВМРО-ДПМНЕ гарантира дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да се случи, а за тоа гаранција се пратениците на опозицијата кои се заедно во оваа битка.

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според Мицкоски ќе има тешка задача да го исправи тоа што актуелната власт го погреши и како што вели „да го врати украденото, а тие да одговараат за тоа што го сторија“.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена