Поврзи се со нас

Деца Родители

Правило 3-6-9-12 за да ги заштитите децата од влијанието од мобилни, интернет, видео-игри…

Објавено

на

На сите родители веќе им е јасно дека смарт телефоните, таблетите, лап топите и компјутерите имаат големо влијание врз однесувањето и равојот на децата и дека прекумерното користење си носи свои последици. Во ера во која технологијата е човековиот придружник број еден, многу е тешко во таа насока да се исконтролираат и најмалите. Сепак, стручњаците предупредуваат дека мора да постојат ограничувања, со оглед на опасностите од претерување со играње разни игри, „дремење“ по цели денови на социјални мрежи и слично. Докажано е дека интернетот создава зависност и тоа е голема причина за родителите да не го одложуваат преземањето мерки, туку да делуваат веднаш.

Повеќе студии покажале дека децата кои често играат виртуелни игри во кои има насилство, развиваат агресивност, немаат трпение и покажуваат склоности за кавги. Оние дечиња пак, кои се опседнати со инстаграм и фесјбук, ги избегнуваат дружбите, не сакаат да комуницираат и се затвораат во себе си.

Што значи правило 3-6-9-12

Ова правило го развил Кралскиот австралиски колеџ за педијатрија. Всушност станува збор за предлог до родителите, создаден од врни педијатри, врз основа на факти и истражувања за влијанието на интернетот и технологијата врз психо-физичкото здравје на децата.

Правилото 3-6-9-12 гласи:

-Да не се користат уреди (телефон, компјутер, таблет, лап топ) до 3 годишна возраст

-Да не се користи интернет до 6 годишна возраст

-Да не се играат онлајн игри до 9 годишна возраст

-Да не се користат социјални мрежи до 12 годишна возраст

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена