Вести
Правосилна пресудата за лихварите во „Чекан“
Јавното обвинителство денес соопшти дека предметот за организиран криминал и корупција на подрачјето на Гостивар, кој во јавноста е познат како „Чекан“ е завршен со правосилна пресуда од Апелациониот суд – Скопје и ефективни затворски казни. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција им се изречени затворски казни на седум лица за сторени кривични дела лихварство и изнуда. Во предметот „Чекан“ беше опфатена криминална група која дејствувала во континуитет почнувајќи од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата, тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените“, информираат од ЈО.
Од осудените лица бил конфискуван имот од кој оштетените имаат право на надомест на штета.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди