Поврзи се со нас

Вести

Православен празник посветен на Огнена Марија (Света Марина)

Објавено

на

    Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули и се слави празник во чест на Светата великомаченица Марина (Огнена Марија).

    Света Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

    Огнена Марија се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, таа пали и казнува со оган и спаѓа во огнени светци. Обичајот за празникот вели дека поради големата жештина горат небото и земјата и ништо не треба се работи. Во преданијата се наведени примери кога на луѓето кои работеле на овој празник од оган и громови им биле запалени житото, сеното и домовите.

    Овој празник е селска слава на гостиварско Зубовце, каде масовно се чествува со црковно-народни обичаи и традиции.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 45 минути

    Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници

    Гостиварпред 3 часа

    Гостиварско Здуње доби реконструиран главен пат

    Гостиварпред 4 часа

    11 специјализанти почнаа со работа во болницата во Гостивар

    Македонијапред 7 часа

    Епидемиологот Даниловски со објаснување за „мајмунските сипаници“-Симптоми, пренесување, заштита

    Гостиварпред 7 часа

    Лишено од слобода лице за напад врз сопругата во центарот на Гостивар

    Македонијапред 9 часа

    Викенд временска прогноза

    Македонијапред 18 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 21 час

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 23 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена