Поврзи се со нас

Вести

Православен празник Свети Атанасиј летен

Објавено

на

Светецот Атанасиј се нарекува борец за вистинското православие. Црквата одбележува два датуми врзани со неговото име, 31-ви јануари како зимски и 15-ти мај како летен празник. Св.Атанасиј е заштитник на многу домови и семејства, а како именден го прославуваат: Атанас, Атанасија, Тане, Насте…

Свети Атанасиј бил роден во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажувал голема љубов за Бога. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија, станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот вселенски собор и се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Веднаш по Првиот вселенски собир на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време.

Четири пати бил протеруван во прогонство, за време на различни цареви кои се плашеле од неговите проповеди и влијание. Во прогонство минал цели дваесет години. Се упокоил 373 година.

На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 26 минути

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 4 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 6 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 7 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 9 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 10 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 11 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена