Македонија
Православен празник Задушница, на сила е забрана за посета на гробиштата
За православните христијани денес и утре е празникот Задушница, кој се одбележува во спомен на починатите од семејството. Годинава поради воведената забрана за посета на гробиштата (освен за погреб), која трае до понеделник, граѓаните не можат да го одбележат денот според верските обичаи и традиција, кои налагаат посета на вечните почивалишта, принесување на пченица, лепче, вино и споменување на имињата на блиските покојни од страна на свештениците.
Во недела се празнува Духовден, празник кој го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Празникот уште се вика и Света Тројца затоа што на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-син, дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград