Македонија
Православните христијани го слават Цветници

Православниот свет денес го слави празникот Цветници, во чест на свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Празникот уште се нарекува Цветоносна недела и Врбица. Спасителот во Ерусалим бил пречекан од голем број верници кои дошле да му се поклонат и патот му го послале со цвеќиња и врбови гранчиња.
Цветници е подвижен празник и секогаш се прославува една недела пред Велигден. Од утре, почнува страдалната седмица или велика недела кога се одбележуваат последните денови на Исусовите страдања. Деновите пред Велигден се исполнети со покајување, прошка, пост и молитва. Преку црковните богослужби на почетокот на седмицата верниците се потсетуваат на последните беседи и поуки на Исус кон апостолите и луѓето.
Цветници во Гостивар традиционално се прославува со литургија на Свети Јован Златоуст со која чиноначалствува надлежниот Архиереј на тетовско-гостиварската епархија, Митрополитот г. Јосиф.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести