Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 13/01/2019 | 10:01

Православните христијани вечерва слават Стара нова година

Според Грегоријанскиот календар, кој е и најприфатен во светот, Новата година се слави на 1-ви јануари. Според Јулијанскиот календар пак, вечерва на полноќ (13 кон 14 јануари) настапува Православната нова година или меѓу народот наречена Стара нова.

Традицијата да се одбележува овој празник се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим, а постои и во некои германски кантони во Швајцарија, како и во некои делови на Шкотска.
Обичаите налагаат да се крши погача со паричка и според верувањето на тој што ќе му падне, ќе има среќна и бериќетна година.
Утре, православните верници ги празнуваат Обрезание Господово и Свети Василиј Велики или Василици. По тој повод во храмовите се служи света Василиева литургија.

Напишете коментар