Поврзи се со нас

Македонија

Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус

Објавено

на

Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики Петок се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, а  верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави, и да не работат поголеми работи во полето и во домот.

Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус.

Велики Петок уште се нарекува и Распет Петок.  Во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Пред „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) верниците се поклонуваат и го бакнуваат Спасителот во раните на нозете.

На Велики петок треба да им се помогне на оние кои имаат потреба од помош и да се посетуваат и негуваат болните.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена