Македонија
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики Петок се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, а верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави, и да не работат поголеми работи во полето и во домот.
Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус.
Велики Петок уште се нарекува и Распет Петок. Во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Пред „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) верниците се поклонуваат и го бакнуваат Спасителот во раните на нозете.
На Велики петок треба да им се помогне на оние кои имаат потреба од помош и да се посетуваат и негуваат болните.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар