Гостивар
Православните слават празник Василица-Сура догодина повесели!

Денеска е празнува Св. Василиј Велики, како следбеник на Исусовата вера, а ноќеска се прослави празвославна Стара нова година, почетокот на православната година по јулијанскиот календар. Покрај МПЦ, според јулијанскиот календар, православна Нова година слават и Српската и Руската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од Света Гора.
Стара нова година и Василица традиционално со низа обичаи се прославуваат во Гостивар и гостиварско. Најрадосни и највозбудени се децата кои ги негуваат старинските обичаи врзани за Василица. Со дренови гранчиња одат од врата до врата, тропаат и пеат василичарски песни, а домаќините пак ги даруваат. Дреновите гранчиња симболизираат здравје, како за домаќините, така и за целата година во домот и семејството да биде здрава година. Малите василичари добиваат дарови од домаќините, пари, бомбони, мандарини, чоколади…
„Трака трака василица
дај ми бабо сланиница
да наранам дечињата
да им пукнат мешињата“.
Сура догодина повесели!
Ова е позната гостиварска василичарска песна која, рано наутро, ја пеат дечињата на денешниот празник Василица.
Според обичаите, слично како за Бадник, за Василица семејството се собира на трпеза и се крши погача или пита со паричка. Симболиката на паричката е иста, односно се верува дека оној што ќе му падне ќе има среќна и бериќетна година.
Во храмовите на Македонската православна црква утрово се служи света Василиева литургија.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо