Гостивар
Православните верници го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител
Според календарот на МПЦ, денес се слави празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител.
Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, кој бил неморален и расипан човек. Ја избркал својата законита жена и живеел незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат. Јован јавно го прекорувал и разобличувал, па Ирод го затворил. Во една прилика Ирод приредил гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхитила Ирод со својата страствената игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и ветил се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка и, која не можела да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побарала главата на пророкот.
Црковните правила налагаат верниците, денешниот ден да го поминат во строг пост.
Во Бигорскиот манастир, каде денес има манастирска слава, традиционално се собираат голем број верници.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград