Вести
Православните верници одбележуваат празник Отсекување на главата на Свети Јован Крстител
Според календарот на МПЦ, денес се одбележува празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител.
Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, кој бил неморален и расипан човек. Ја избркал својата законита жена и живеел незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат. Јован јавно го прекорувал и разобличувал, па Ирод го затворил. Во една прилика Ирод приредил гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхитила Ирод со својата страствената игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и ветил се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка и, која не можела да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побарала главата на пророкот.
Црковните правила налагаат верниците, денешниот ден да го поминат во строг пост.
Во Бигорскиот манастир, каде денес има манастирска слава, традиционално се собираат голем број верници.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар