Македонија
Православните верници одбележуваат Свети Атанасиј летен

На денешен датум 15-ти мај, се празнува православниот празник Свети Атанасиј летен. Уште еден празник врзан со овој светец се слави на 31-ви јануари како зимски. Свети Атанасиј е заштитник на многу домови и семејства, а како именден го прославуваат: Атанас, Атанасија, Тане, Насте…
Свети Атанасиј бил роден во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажувал голема љубов за Бога. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија, станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот вселенски собор и се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Веднаш по Првиот вселенски собир на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време.
Четири пати бил протеруван во прогонство, за време на различни цареви кои се плашеле од неговите проповеди и влијание. Во прогонство минал цели дваесет години.
На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос