Вести
Православните верници празнуваат Василица

Православните христијани денеска (14 јануари) го чествуваат Св. Василиј Велики, како следбеник на Исусовата вера, и Стара нова година, односно почетокот на православната година по јулијанскиот календар. Свети Василиј е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.
„Трака трака василица
дај ми бабо сланиница
да наранам дечињата
да им пукнат мешињата“.
Сура догодина повесели!
Ова е позната гостиварска василичарска песна која, рано наутро, ја пеат дечињата на денешниот празник Василица, според традицијата одат со дренови гранчиња и тропаат од врата до врата. Дреновите гранчиња симболизираат здравје, како за домаќините, така и за целата година во домот и семејството да биде здрава година. Малите василичари добиваат дарови од домаќините, пари, бомбони, мандарини, чоколади… Токму поради негувањето на ваквите старински обичаи, најрадосни и највозбудени за овој празник се децата.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер