Македонија
Православните верници го прославуваат Иванден, раѓање на свети Јован Крстител
На денешниот датум седми јули, православните христијани го празнуваат Иванден, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.
Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Тој е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Богородица) кому црквата му посветила повеќе празници: Раѓање на Св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на свети Јован Крстител, Собор на Свети Јован Крстител, итн. Оттука може да види и значењето на овој лик во христијанската вера. Во народното верување свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните, кога светците ги делеле функциите на св. Јован му паднале кумството и побратимството.
Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар