Македонија
Православните верници го слават празникот Петровден

Денешниот датум 12 јули во православното христијанство е посветен на чествување на светите апостоли Петар и Павле. Меѓу народот празник е познат како Петровден.
Именден денес празнуваат: Петар, Петре, Петра, Петранка, Петруна…Утре (13 јули) на Павловден, именден слават: Павле, Пајо, Павлина…
Апостолот Петар се смета за олицетворение на цврстата и искрена вера. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно: Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч. Постојат различни народни верувања за овие двајца апостоли. Според едни Петар и Павле биле иста личност, според други, тие биле браќа.
Утрото на Петровден се оди во црква, а оној кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и Св. Петар тој ден земал срп и жнеел.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош