Македонија
Православните верници слават Успение на Пресвета Богородица

Православните верници денес го чествуваат празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Во чест на мајката божја црквата одбележува повеќе датуми, а денешниот е еден од најзначајните. Самиот збор успение значи заспивање – во смисла дека се слави вознесувањето на Богородица на небото. Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без болести и страдања.
Кон нејзиниот лик и дело верниците негуваат голем култ и упатуваат молитви за исцелување, здравје и бериќет. Меѓу народот постои верување дека Богородица е заштитничка на мајките и на жените и дека им помага на оние кои не можат да имаат деца.
Именден денес слават: Марија, Мара, Марјан, Маријана…
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош