Поврзи се со нас

Вести

Православните верници во Гостивар слават Велигден, веста за воскресението ја дочекаа заедно во црквата на плоштадот

Објавено

на

Пресвета Богородица, Гостивар

„Христос Воскресна-Навистина Воскресна“, со овие зборови, како што налагаат обичаите, православните верници во Гостивар си го честитаа големиот христијански празник Велигден, точно на полноќ. Голем број граѓани се собраа на заедничко чествување во соборниот храм „Пресвета Богородица“ , а со народ беше исполнет и целиот градски плоштад. Пред да се објави веста за Христовото воскресение, свештениците од гостиварското архиерејско намесништво, заедно со верниците го извршија трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе. Со биењето на камбаните, се означи Велигден, празникот кога Исус станал од мртвите и ја докажал својата божествена моќ. Одбележувањето на празникот продолжи со утрена и литургија на Свети Јован Златоуст.

Свети Јован Бигорски

Велигден се слави како празник над празниците, победа на животот над смртта. Обичаите и традиците се врзани со црвените велигденски јајца кои го симболизираат повторно раѓање. Се верува дека тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата – воскреснувањето од мртвите. Палењето на свеќите пак е симбол на распространувањето на Исусовата светлина која никогаш не гасне. По обичај свеќата се носи дома и со неа се пали кандилото.
Празничната атмосфера продолжува утре, во кругот на најблиските со семеен ручек и подарување на вапсани јајца.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена