Поврзи се со нас

Гостивар

Празнична дружба во новогодишен дух во гимназијата во Гостивар

Објавено

на

Со желби за радост и здравје, пораки за сплотеност и заедништво, празнична музика и симболични подароци, гимназијалците во Гостивар денес создадоа новогодишна магија во училиштето. Вредните раце и креативноста на професорите и средношколците го претворија холот во „зимска бајка“ со украси и декорации, а во атмосферата денес на заедничка дружба имаа можност да уживаат основци од гостиварските училишта, како и децата со посебни потреби.

„Идејата произлезе од професорките Фатмире Весели, Блерима Амети, Снежана Китаноска и Елизабета Наумчевска, мене многу ми се допадна и дадов поддршка сето тоа да се реализира. Во активностите за декорирање, изработки и слично учествуваа самите средношколците, а исто така подготвија и музички изведби со кои денес ги пречекуваме нашите гости, учениците од основните училишта и децата со посебни потреби. Имаме и скромни подароци за сите нив. Целта е да се дружиме и да покажеме креативност.“, рече Мирсад Исеини, директор на гимназијата.

Забавно и весело на настанот беше и за гостите и за домаќините.

„Многу не‘ радува што гимназијата денес беше полна со гости, основци, родители, наставници, дечињата со посебни потреби и заедно се дружевме, ја почувствувавме новогодишната атмосфера и секако си посакавме среќна и успешна нова 2023-та година“, рече пом.директорката Светлана Јовановска.

Гимназијалците ги испишаа своите желби и пораки за Новата година на ѕидната табла со надеж дека ќе им се исполнат.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена