Што, како, каде?!
Празниците се блиску – „ПЕЛАГОНИЈА ПРЕСТИЖ“ со празнична понуда за купување стан

Пред нас е празничен период кој е време на среќа, заедништво и традиции, што го зголемува духот на сплотување во семејството и желби за нови радости. По повод најголемите верски празници Велигден и Рамазан Бајрам, од Пелагонија АД Гостивар подготвија специјална празнична понуда за купување нов дом во станбено-деловниот објект „Пелагонија Престиж“ во Гостивар, со искрена надеж дополнително да ги разубави празничните денови.
„Со купување на стан за време на промотивниот период кој трае од 10 до 22 Април 2023 година, добивате можност да уживате во луксузен стан со современ дизајн и безбедносни мерки, како и да профитирате од празничната понуда на која има празничен попуст на секој м2. Нашите тимови за продажба и консултации се на располагање да ви помогнат да го изберете најдобриот стан за вашите потреби“, порачуваат од Пелагонија АД Гостивар.
Не губете време, контактирајте го нашиот тим за продажба на телефонскиот број 075 470 008 и закажете средба за да започнете со купувањето на вашиот нов дом во „Пелагонија Престиж“ во Гостивар.
Пелагонија Престиж е современ и комплексен станбено-деловен објект со катност (подрум-приземје-6 ката-поткровје со галерија), кој содржи 113 станови.
- Во подрумот со 3375 м2 површина има 99 паркинг места.
- Во приземјето на 2000 м2 деловен простор со висина од 4.6м и можност за додатна галерија на 50% од површината. На останатите 1375 м2 површина се предвидени уште 23 паркинг места, приодна патека за влезови и шеталиште.
- Деловниот простор може да се дели по потреба и барања од купувачите.
- На секој кат 1-6 има по 15 стана или вкупно 90 стана со површина од 60 – 163 м2.
- Поткровјето се дуплекс станови со галерија, 23 стана со површина од 100 – 225 м2.
Се наоѓа во централното градско подрачје на Гостивар, на самиот кеј на реката Вардар, на ул. Новопроектирана бб, односно на агол со Булеварот „Бранко Станоевиќ“ со ориентација кон Кејот на Вардар и булеварот.

„Пелагонија Престиж“ нуди вкупно 90 стана со површина од 60 – 163 м2 распоредени на 6 ката. Детален преглед на плановите и распоредот на становите во „Пелагонија Престиж“ може да ги погледнете ТУКА.
(комерцијална објава)
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение