fbpx
Поврзи се со нас

Вести

Празник Благовештение за православните верници

Објавено

на

Според календарот на Македонската православна црква, денес е празникот  Благовештение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Благовец. Во раното Христијанство овој празник имал различни имиња: Зачнувањето на Христа, Благовештение за Христа, Почеток на откупувањето, Благовештение од Ангелот на Марија и дури во VII век на Исток и на Запад бил наречен Благовештение на Пресвета Богородица.

Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар.

Именден денес празнуваат: Благој, Благица, Блаже, Благојка, Блага, Благун…

Постои верување дека на Благовец и раната не боли, па затоа се негува обичај на малите деца, денес да им се ставаат обетки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!