Македонија
Празник-Ден на македонската револуционерна борба, 23 Октомври

Македонија одбележува 129 години од основањето на Македонскиот револуционерен комитет, темел на организираното револуционерно движење. На 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик, со мисија борба за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од странски земји.. На почетокот наречена Македонски револуционерен комитет, потоа преименувана во ТМОРО, ВМОРО, а најмногу позната како ВМРО (Внатрешно Македонска Револуцонерна Организација).
Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903, Крушевската република и НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Денешниот датум во земјава од 2007 година е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава