fbpx
Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Празник на францускиот јазик во Гостивар – „Сите на брод, тргнуваме кон Франкофонија“.

Објавено

на

Љубовта кон францускиот јазик ги спои на едно место учениците од повеќе училишта од полошкиот регион и пошироко, на манифестацијата „Ден на франкофонија“, која по деветти пат се одржа вчера во Гостивар.
На големата сцена во гостиварскиот Центар за култура, учениците настапија со песни, игра, рецитации и драмски изведби на француски јазик. Настанот годинава имаше тема „Сите на брод, тргнуваме кон Франкофонија“.


„Францускиот јазик е она што не` зближува. Ми причинува големо задоволство што сум денес овде, на оваа манифестација која веќе има традиција и голема вредност. Францускиот јазик е клуч за вратата кон светот.“, рече во своето обраќање, Амбасадорот на Република Франција во Скопје, Кристијан Тимоние.
Манифестацијата ја организираа професори по француски јазик од Гостивар, како дел од Здружението на професори по француски во Македонија, со поддршка на Француската Алијанса во Тетово и Францускиот институт од Скопје.
„Ова е манифестација која ги слави францускиот јазик, култура и традиција. Учествуваат ученици од Гостивар, Добри Дол, Врапчиште, Тетово, Скопје, Кавадарци, Лозово и Пехчево кои за своите настапи се подготвуваа под менторство на своите професори по француски јазик“, рече Мари Модуен, директор на Француската Алијанса во Тетово.
Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата од 2006-та година.

Сподели:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

СЛЕДЕТЕ нè на FACEBOOK

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!