Вести
Празник на проштевањето Прочка за православните верници
Православните христијани денес го одбележуваат празникот Прочка или Велики Поклади, ден за меѓусебно простување.
Според верувањата, Прочка е ден на искрена и пожртвувана љубов кон ближните и следење на примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Обичајот е денес помладиот да побара прошка од постариот.
Празникот во семејството се одбележува со богат заеднички ручек, кој завршува со амкање јајца.
Прочка важи за подвижен празник, а датумот зависи од празнувањето на Велгиден. Она што не се менува е денот и Прочка е секогаш во ден недела, односно седум недели пред Велигден.
Традицијата на барање проштевање, пред почетокот на Велигденските пости во православниот свет има свои корени во древните палестински и египетски манастири. За време на Великиот пост, монасите ги напуштале своите братства и постот го минувале длабоко во пустината. Пред излегувањето од манастирот, сите монаси се собирале и барале прошка еден од друг, а дури потоа тргнувале во пустина.
Првиот ден по Прочка е чист понеделник, прв ден од големиот Велигденски пост, кој е најстрог и најдолг и трае 48 дена.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник