Вести
Празник во Гостивар: КК Гостивар го пречекува Работнички (19 часот)

Секој кошаркарски натпревар во Гостивар се следи со огромна страст и внимание, но дуелите како вечерниот, се вистински празник во градот на кошарката, како што го нарекува Гостивар целата македонска јавност.
Гостува најтрофејниот клуб, актуелниот шампион и освојувач на годинешниот КУП, екипата на Работнички. И тоа не на било каков натпревар – се игра третото коло од Супер лигата во која се среќаваат првопласираната и третата екипа на табелата.
Избраниците на Марин Докузовски сезонава лесно се справуваат со скоро сите противници, имаат скор од 20 победи и само 2 порази во досегашниот дел од првенството, со фантастична кош разлика од 465 поени. Во досегашните пресметки сезонава КК Гостивар се уште нема победа против Работнички.
Гостиварци во овој меч влегуваат после тешко издвојуваната, но доста важна победа против Куманово во минатото коло. Со 16 победи и 6 порази се наоѓаат на третата позиција, што е одличен успех во овој дел од првенството и како најавуваат од „бело-синиот“ табор целта е да се задржи оваа позиција. Мал хендикеп е повредата на Бојан Трајковски, кој во наредниот период нема да може да и помогне на екипата под кошевите.
Како и да е, вечерва во Младост од 19 часот се очекува возбудлива кошаркарска претстава, вистински празник за љубителите на кошарката од регионот.
На денешниот натпревар е најавен и новиот кандидат за претседател на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, кој ќе биде посебно одликуван пред почетокот на натпреварот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?