Гостивар
Празникот на Општина Гостивар повторно ќе се слави на 23 декември
Советот на Општина Гостивар ќе ја поништува одлуката со која во 2013-та година, се изврши промена на Денот на општината, од 23 декември на 29 јуни. Општински празник повторно ќе биде 23 Декември, денот на конституирањето на првиот плуралистички совет.
„Градоначалникот на Општина Гостивар, до Советот поднесе Иницијатива со преглог за поништување на Одлуката бр.07-2239/1 од 27.12.2013 година, поради тоа што истата не е донесена во согласност со законот и одредбите на Статутот на Општина Гостивар. Со одлуката не е укинат членот 4. од Статутот, ниту пак со таквата одлука може да има измени и дополнувања на Статутот.“, се вели во образложението на предлог-одлуката, којашто ќе се најде пред советниците на седницата закажана за вторник (29 октомври).
Промената во 2013-та ја направи општинското раководство предводено од тогашниот градоначалник Невзат Бејта, а датумот се поврзува со 29 јуни 1992 година кога е одржана првата седница на Општина Гостивар, по првите локални избори од осамостојувањето на земјава.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди