Гостивар
Празникот Св. Јован Крстител со литургија и обичаи прославен во гостиварски Вруток

За православните верници денес е празник Собор на Свети Јован Крстител. Во чест на овој светец, се одбележуваат неколку празници во текот на годината, а главен празник е на денешен ден (20 јануари). Црквата утврдила да се прославува веднаш после празникот Боголавление-Водици, затоа главното дело на свети Јован, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Исус Христос. Кај народот денешниот празник уште се нарекува Женски Водици.
Карактеристично славење на празникот има во гостиварското село Вруток, кадешто според традициите ги бањаат кумовите во реката Вардар, а во водата се истураат јаболка за здравје и бериќет.
Утрово, во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Вруток, по повод Собор на Свети Јован Крстител Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На литургијата верниците се причестија со светите Христови тајни.
фото:тетовско-гостиварска епархија
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година