Поврзи се со нас

Гостивар

Празникот Св. Јован Крстител со литургија и обичаи прославен во гостиварски Вруток

Објавено

на

За православните верници денес е празник Собор на Свети Јован Крстител. Во чест на овој светец, се одбележуваат неколку празници во текот на годината, а главен празник е на денешен ден (20 јануари). Црквата утврдила да се прославува веднаш после празникот Боголавление-Водици, затоа главното дело на свети Јован, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Исус Христос. Кај народот денешниот празник уште се нарекува Женски Водици.

Карактеристично славење на празникот има во гостиварското село Вруток, кадешто според традициите ги бањаат кумовите во реката Вардар, а во водата се истураат јаболка за здравје и бериќет.

Утрово, во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Вруток, по повод Собор на Свети Јован Крстител Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На литургијата верниците се причестија со светите Христови тајни.

фото:тетовско-гостиварска епархија
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена